Локалните избори во 36 општини во Косово ќе се одржат на 3. ноември. На нив ќе учествуваат 105 партии, коалиции, иницијативи и независни кандидати. Дојче веле пренесува слика од Призрен. Граѓаните на призренската општина, етнички најмешаниот крај на Косово, од претстојните избори очекуваат пред сѐ економски напредок. За напредок го сметаат тоа што на изборите ќе излезат и Србите.
„Призрен е познат по соживотот“, вели Нусрет Гаши. „Колку што се сеќавам на првите повоени локални избори, Србите излегоа на изборите и во локалниот совет имаа една претставничка. Лично сметам дека призренскиот совет има потреба во своите редови да има претставници од српската заедница“, вели Гаши.
Гани Реџа повикува на будност. Верува дека „народот ќе се освести“ и ќе знае да одбере подобри претставници од досегашните. „Се распродаде косовското богатство и сѐ е уништено. Луѓето се бркаат од работа, народот бара храна по кантите за ѓубре. Мораме добро да размислиме кому ќе го дадеме гласот“.
Крсто Спасиќ вели: „Треба да се излезе на изборите. Доколку не излеземе ние немаме иднина. Немаме ниту еден претставник. Ако треба заеднички да живееме со Албанците и со Бошњаците, тогаш треба заеднички и да гласаме“, смета Спајиќ.
Бошњаците и овојпат ќе останат „најголеми губитници“, оценува Неџад Суљевиќ. Меѓу нив владее голема разединетост, а дополнително и однапред договорената коалиција со Демократската партија на Косово на Хашим Тачи е „непромислен чин“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации


