
Таа синоќа оствари по една победа и во поединечна и во конкуренција на двојки. Во рамки на 2.коло во поединечна конкуренција ја победи Далија Зафирова од Бугарија со 6:2 и 6:3 по сетови.
Денеска во четвртфиналето ќе игра против носителката број 4 на турнирот Михаела Боев од Белгија, која на ВТА листата се наоѓа на 603.то место.
Во двојки заедно со Романката Камелија Елена Христеа со пресврт во полуфиналето ги елиминираа првите носителки Изабела Шиникова и Далија Зафирова од Бугарија. Првиот сет им припадна на противничките со 6:2, а потоа Ѓорческа и Христеа изедначија откако го добија тај брекот во вториот сет 7:6 (7:2). И во решавачкиот сет за пласман во финалето беше 10:5 на поени за македонско-романската комбинација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


