Перспективата на БиХ да стане земја-членка на ЕУ и натаму останува, но лидерите на најголемите партии во БиХ без одложување мора да ги усогласат спорните прашања, како што се спроведување на пресудата од Европскиот суд и механизмот за координација, порача еврокомесарот Штефан Филе.
Станува збор за спроведување на одлуката на Европскиот суд во предметот „Сејдиќ-Финци“ која треба да овозможи изземање на дискриминацијата од Уставот и да им се овозможи на припадниците на малцинствата да се кандидираат за највисоките државни функции.
Лидерите на Босна и Херцеговина не постигнаа договор во Брисел за уставните промени кои се услов за продолжување на европските интеграции, а претходно закажаната конференција за печат со еврокомесарот Штефан Филе е откажана, јави Танјуг.
Неуспехот на оваа рунда дијалог значи дека БиХ ќе изгуби најмалку 60 милиони евра помош од европските фондови, а од ЕУ предупредуваат дека кандидатурата на БиХ за членство во Унијата би можела да биде одложена на неопределено време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.