Жител на Ниш, е осомничен дека тајно си ја закопал сопствената баба во овоштарникот на соседот за да ја прима нејзината пензија. Тој наводно ја закопал бабата на 16. јануари оваа година, а телото го откопале животни девет месеци подоцна.
Внукот на ваков чекор се решил откако не успеал да постигне писмен договор со својата 83 годшна баба, по нејзината смрт, куќата во која живееле заедно, да му остане во наследство, па се плашел од можноста да се јават повеќе наследници.
Еден ден кога се вратил дома, ја забележал бабата мртва. Ја завиткал во јорган и ја закопал во овоштарникот. Бидјеќи било студено, а земјата била замрзната, не можел да ископа подлабок гроб, па телото го ископале животните.
Во меѓувреме, својата баба ја пријавил како исчезната а давал огласи и во локалните нишки медиуми. За целиот период, редовно ја зимал нејзината пензија.
Полицијата му поднела кривични пријави по неколку точки, а обдукцијата на остатоците од телото покажала дека не станува збор за насилна смрт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Семејната традиција продолжува: Романка стана баба на 23 години, а сега и нејзиниот 8 годишен внук се свршил!
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа