| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов: Македонија денес се бори за придобивките од победата над фашизмот (фото)

Вечерва во Македонскиот народен театар се одржа свечена академија по повод 11 Октомври-Денот на народното востание.

Ако некогаш Македонците се бореа против злото на фашизмот и нацизмот, денес Република Македонија се бори за придобивките што произлегоа од победата над фашизмот и нацизмот. Република Македонија се бори за почитување на меѓународното право како една од основите на меѓународниот поредок. Право, кое е придобивка на победниците од Втората светска војна,рече Иванов.

На 11 Октомври, истакна Иванов, Република Македонија прославува 72 години од почетокот на народното востание за ослободување на Македонија од фашистичкиот окупатор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top