| четврток, 6 декември 2018 |

Лила нејзиниот роденденски подарок им го даде на децата во домот „11 Октомври“

Водителката Лила Стојановска, која пред неколку дена го прослави 46. роденден, доби многубројни роденденски подароци, меѓу кои и чоколадо тешко 7 килограми. Таа реши овој подарок да им го даде на децата од домот без родители „11 Октомври“ во Скопје.

Лила е позната како хуманитарец и не е првпат со подароци да ги израдува овие деца. Таа честопати учествува во хуманитарни акции, но многупати и самата е иницијатор за помош на загрозени граѓани од разни категории.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top