Германскиот шампион во женски фудбал Турбине Потсдам го прегази МТК во меч од Лигата на шампионите, а македонската репрезентативка Наташа Андонова беше стрелец на еден гол. 19-годишната негонтинчанка во 30. минута постигна убав гол за двократниот европски вицешампион, а екипата на Турбине Потсдам веќе си обезбеди пласман во осминафиналето, иако треба да игра и реванш со МТК. Предноста од 5-0 е недостижна за унгарките, со оглед на огромната разлика во класи.
Андонова одигра одличен меч и беше меѓу најдобрите на „Нандор Хидегкути“ арената во Будимпешта. Во следното коло фудбалерките на Тубине Потсдам ги чека тешка задача против Олимпик Лион, состав против кој играа две финалиња во 2010 и 2011 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


