
Според „Канал 5“, возот прво застанал пред Зелениково и чекал 50 минути бидејќи се менувале шините на пругата. Само 10 минути откако тргнал од Зелениково, удрил во количка за сечење дрва управувана од засега непознато лице. Лицето заработило полесни повреди и е надвор од животна опасност.
Возот бил оштетен од несреќата и не бил во функција. Патниците биле префрлени во автобус со кој од Драчево стигнале до центарот на Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


