Како се снаоѓате во улога на член на жирито?
– Никогаш не сум имал можност да бидам член на некое жири. Дојде и тој момент и супер се чувствувам. Мислам дека сме добра екипа. Сите го задржаа својот идентитет и подобро е отколку што очекував.
Кандидатите велат дека Вашите коментари се „најблаги“, но стручни и реални.
– Секој има свој начин на работа. Ни беа потребни два дена за да воспоставиме некои критериуми, со оглед на тоа дека некои од кандидатите ќе ни бидат колеги. Жал ми е ако некогаш ги повредам. Кога ќе почувствувам дека некој нема никаков талент, тогаш можеби сум суров.
Опишете го секој член на жирито посебно.
– Жељко е талентиран музичар, има свој став, кој не може да се промени. Кристина не отстапува од своите принципи по никоја цена. Емина е мила, но, од друга страна, остра и не сака простотилак. Ми влева доверба, а порано не ја познавав воопшто.
Какви се кандидатите?
– За финалето ни се потребни дванаесетмина, но ги имаме повеќе, што за мене е откритие. Задоволен сум и тоа е добро, но ќе ми биде жал кога ќе морам да бидам строг и да се простам со некој од нив.
Зошто жирито преферира поп-музика, а не народна?
– Таков е форматот. Се „газевме од смеење“ кога некои луѓе пееја песни од Бјонсе, а гледаш дека се спремни за „Гранд шоу“. Мене тоа ми беше интересно. Сепак, ова е Балкан и јас ја сакам таа музика.
Како се чувствуваш кога кандидатите ќе запеат некоја твоја песна?
– Моите песни не зависат толку од добриот вокал колку од атмосферата. На кадидатите им советувам да не ги пеат.
Што мислиш за естрадата?
– Тоа се луѓе кои многу ги сакам и почитувам. Со Чола и Брега се дружам и учев од нив. Порано немавме натпреварување како „Х фактор“, туку учевме од улица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Бислимовски: РКЕ нуди четири цени на нафтените деровати, но трговците секогаш ја избираат највисоката
-
Тарик Филиповиќ: Жив актер на сцената сѐ уште е мамка за луѓето да доаѓаат во театар
-
Аница Добра, актерка: Навистина ја имам најдобрата професија на светот!