| четврток, 6 декември 2018 |

Дел Потро си призна дека е мамин син

Хуан Мартин дел Потро призна дека е мамин син

del potro

Имено, Аргентинецот се пласираше во второто коло на тенискиот мастерс-турнир во Шангај иако самиот вели дека ноќта пред дуелот со Филип Колшрајбер се чувствувал многу лошо.

Сѐ на сѐ, не се срами да каже дека му недостигала мајка му.

– Малку сум настинал. Се чувствував многу лошо, имав температура, не можев да спијам. Ми недостигаше мајка ми – вели најдобриот аргентински тенисер.

Емотивниот Гаучо по победата над Колшрајбер изјави.

– Далеку сум од дома, а мајката е нешто посебно. Кога нешто не е во ред или кога се чувствувам лошо, таа ми дава љубов и позитивна енергија. Мајките се во состојба да сторат што било само децата да се чувствуваат добро – изјави Дел Потро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top