Центарот, кој стана еден од лидерите на Лос Анџелес Лејкерс, се осврна на тоа што очекува од односот со Коби, како се снаоѓа под обрачите со Крис Кејман, но и на тоа што можат да сторат „езерџиите“ престојнава сезона.
– На секој натпревар се обидувам да преземам контрола и да владеам со секоја ситуација во која ќе се најдам. Во моментов трае подготвителниот период, ќе видиме колку сме напредувале кога ќе почне сезоната – изјави Шпанецот по побдедата против Детроит пистонс.
Во меѓувреме, Гасол создаде одлична врска и ја разработи релацијата со Германецот Крис Кејман под кошот.
– Трениравме заедно неколку пати во подготвителниот период и гледам дека е паметен играч. Се обидувавме да се вклопиме и многу ми е лесно да играм со него – вели Гасол.
Пофалби за соработката меѓу двата центра стигна и од искусниот Стив Неш, кој не пропушти да ја забележи одличната врска меѓу шпанскиот и германскиот репрезентативец.
– Не бев сигурен што да очекувам од Пау и од Кејман заедно, а во овој момент сигурно ги надминаа моите надежи. Предвидувам дека соработката во иднина ќе биде сѐ подобра. Гасол е многу интелигентен играч, но и Кејмен исто така – наведува Неш.
Иако Коби Брајант сѐ уште не може да игра, со оглед на повредата на коленото, неговите соиграчи му заблагодаруваат за поддршката која им ја пружа покрај теренот. Особено Гасол.
– Одлично е тоа што Коби, иако не може да се натпреварува, е тука со нас. Неговата поддршка има големо влијание на тоа, ја прави разликата. Во текот на мечот разговаравме за работите кои се случуваа на теренот, што треба да се поправи, како и што да сториме кога ќе се врати. Комуницираме многу и тоа ни помага да се вратиме на вистинскиот пат – вели Шпанецот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хаос во НБА: Се степаа ѕвездите на Лејкерси и Хјустон! (Видео)
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Твитер скандал на Трамп: Не е лесно да направите Леброн Џејмс да изгледа паметно
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија



