| четврток, 6 декември 2018 |

Видео: 16 годишник од Велс ќе игра против Македонија

Против нашата селекција за настап ќе добие талентот Хари Вилсон. Селекторот на Велс Крис Колман одлучи да го повика 16-годишното момче, кој го импресионирал со неговите настапи за селекцијата за играчи до 17 години на мечевите против Унгарија, Шкотска и Словенија

Оваа информација е објавена на официјалната интернет страница на Фудбалската федерација на Велс, каде уште се додава дека Колман поради големиот број на повредени репрезентативци го повикал и искусниот Џејмс Колинс од Вест Хем.

Дуелот се игра утре во Кардиф со почеток во 20:45 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top