| четврток, 6 декември 2018 |

Редок подвиг со 8 гола на еден натпревар, Крамариќ од Риека ја „искина“ мрежата на Змај

Напаѓачот на хрватскиот клуб Риека, Андреј Крамариќ направи ретко виден подвиг со 8 погодоци на еден фудбалски натпревар, а голеадата од 11-0 на Кантрида, риечани ја приредија против нисколигашот Змај од Блато. Мечот беше игран во рамките на Купот на Хрватска, а Крамариќ броеше до 8. За прволигашот овеа е највисока победа во историјата на клубот, а клупски рекорд се и осумте погодоци на Андреј. Досега Марио Додик и Дује Чоп имаа постигнато најмногу голови за Риека, по 6 на еден натпревар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top