Македонската претставничка за интернационалниот избор за убавина „Мис Глоуб 2013“, Симона Станковска, на големо се подготвува за финалето на 3 ноември.
Последниот месец Симона секојдневно вежба со нејзиниот персонален тренер, има редовни козметички третмани на целото тело и посветува посебно внимание на косата.
Ја посетивме во козметичкото и фризерско студио „Биондина“, кое Симона го посетува секој ден после предавањата на Факултетот за туризам и менаџмент.
Оваа 19-годишна убавица доаѓа од модното студио „Црнокрак“, со чија најголема поддршка на 20 овој месец ќе замине во Албанија, каде што оваа година се одржува еден од најголемите избори за мис во светот.
До каде е со подготовките, што подготвува за талент натпреварот, како ќе изгледа, ни открива самата во следното кратко видео.
Новинар: Марина Костовска
Видео: Дејан Станчевски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)