| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ: Предвремениот откуп на тутун е катастрофален

sdsm prilepДејан Тошески, производител на тутуно и член на СДСМ Прилеп, денеска обвини дека мерката предвремен окуп на тутун не ги дава очекуваните резултати, односно дека се одвива катастрофално.

– Дневната диманика на откуп на тутун во пелагонискиот регион се движи во просек од околу 20 тони, со просечна цена од 160 ден за килограм тутун, цена која ни приближно не е блиску до просечните 200 денари за килограм, кои ги најави заменик- министерот Коњановски. Причините за тоа се наоѓаат во моменталната ниска откупна цена, која се темели врз процените на откупните компании дека годинава ќе се произведат огромни количини тутун, далеку над нивните капацитети за откуп.

Субвенционирањето, како и издавањето дозволи од страна на Министерството за земјоделство, според кои тутунарите ги засадуваат количините тутун, се одвива брз претходен план и програма, како и без претходни процени за количините кои компаниите можат да ги откупат. Затоа, навреме сакаме да укажеме дека е можно оваа година големи количини тутун да останат неоткупени, а со тоа да им пропадне маката на тутунарите, за што директен виновник ќе биде владата на ДПМНЕ, додава Тошески.

Од патискиот разгранок од Прилеп прашуваат што ќе се случи со останатите количини тутун од годинешнава реколта, кој ќе им ја надомести штетата за произведениот, а неоткупен тутун на производителите и дали има подготвено план за целосен откуп на тутунот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top