| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: „Куманово паркинг“ пред банкрот

kumanovo parkingЈордан Пачков од  ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека лошото раководење наопштината на СДСМ и градоначалникот Зоран Дамјановски го однесе пред банкрот и ЈП „Куманово паркинг“.

– Додека во сите општини претпријатијата за паркинзи се профитабилни и се значајни за општините, ЈП „Куманово паркинг“ тоне во големи долгови и е пред банкрот. Долгогодишното уништување на јавните претпријатија како ЈП „Куманово гас“, ЈП „Водовод – Куманово“, ЈП „Куманово паркинг“ е резултат на лошото водење на општината од страна на СДСМ и на Зоран Дамјановски.

Јавното претпријатие „Куманово паркинг“ има акумулирани загуби од 16.583.661 денари и тековни обврски од 28.864.000 денари. Од тековните обврски 24.000.000 денари се долгови кон снабавувачи, а 4.864.000 денари се краткорочни обврски. Значи вкупниот долг на претпријатието, кој, за жал, сè повеќе се зголемува, изнесува 45.447.661 денари.

– Уште една потврда дека претпријатието е пред банкрот е тоа што вработените веќе четири месеци немаат земено плата- додава Пачков, кој како доказ за недомаќинското работење ја изнесе и последната одлука на Управниот одбор заедно со новиот директор на ЈП „Куманово паркинг“ да се направи ревизија на работењето на претходниот директор, под сомневање дека се прикриваат долгови.

-Да споменеме дека и покрај огромните загуби, кои ги претрпува претпријатието, советниците на СДСМ и градоначалникот Зоран Дамјановски донесоа одлука на седница на советот да пренаменат 4.000.000 денари од јавното осветлување, кое е под ЈП „Куманово паркинг“, за зголемување на основачкиот влог на ЈП „Куманово гас“, кое, исто така, е во огромни долгови. Како што рековме и вчера, од шупливо во празно и пак двете претпријатија во огромни долгови и загуби. СДСМ и Зоран Дамјановски треба да понесат одговорност пред граѓаните на Куманово за ваквото недомаќинско и шарлатанско водење на општината. Кумановчани не го заслужуваат ваквото расипничко работење на СДСМ- истакна Пачков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top