Рекордно висока температура од 35,1 Целзиусови степени е регистрирана денеска во Јапонија.
Термометрите ја измерија оваа необично висока температура за овој период од годината во градот Нигата, на брегот на Јапонско Море.
Претходниот рекорд од 34,3 степени беше измерен малку порано денеска во централната префектура Тојама, на островот Хоншу.
Времето е како во лето и во други реони долж јапонското крајбрежје, каде што температурата надминува 30 степени. Истата температура денеска е измерена и во Токио.
Топлото време во Јапонија е последица на тропската бура „Данас“, која денеска беснее над Јапонско Море.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.