Енди Мареј го откажа учеството на завршниот мастерс-турнир во Лондон поради повреда на грбот што го оперираше пред неполн месец. Шкотскиот тенисер вели дека е разочаран што нема да настапи во арената „О2“ пред својата публика. Со откажување на учеството на завршниот машки турнир во сезоната Мареј ја прекина низата од пет настапи на Матсерсот, каде што играат осумте најдоброрангирани тенисери во годината. Досега сигурни се Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Давид Ферер, а турнирот ќе се игра од 4 до 11 ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.