| четврток, 6 декември 2018 |

Го киднапирале и тепале за 10.000 денари

kidnapiran

СВР Струмица поднесе кривична пријава за Т.М.(27), Д.М.(26), И.С.(53), сите од село Баница, Струмичко, за кривично дело изнуда.

На 14 септември годинава, околу 2.30 часот, во с. Баница, В.С. и неговиот син со дрвен предмет биле физички нападнати од страна на пријавените, по што паднале во бессознание. Откако се освестил, забележал дека се наоѓаат во куќата на третопријавениот, по што првопријавениот со железен синџир го удрил во пределот на телото, додека второ- и третопријавените го удирале по главата барајќи му паричен надомест од 10.000 денари, со цел да биде ослободен. По ова, И.С. му кажал на неговиот син да донесе пари, а откако бараниот износ им бил даден, истите го ослободиле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top