| четврток, 6 декември 2018 |

Чоколадото ќе поскапи за 33 отсто?

tamna-cokolada-

Невремето што го погоди Брегот на Слоновата Коска, кое е едно од водечките места каде што се одгледува какао, ќе предизвика и раст на цените на чоколадото.

Како што пренесува „Дејли меил“, растечките цени на какаото може да го зголемат трошокот за 21% за секои 100 грама млечно чоколадо.

И минатата година поради растот на цената на путерот од какао од 70% и 50-процентниот раст на цената на млекото во прав, цената на чоколадото порасна за 33%.

Иако цените на правот и шеќерот се намалија, овие производи се мал дел од производството.

Сепак, врв во нивото на раст на чоколадото се очекува во декември бидејќи во тоа време расте и побарувачката за омилените слатки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top