Британската цивилна авијација му оддава признание на патникот, кој првпат влегол во пилотска кабина откако на пилотот му се слошило и не бил во состојба да го управува леталото.
Пилотот останал без свест откако полетал, па патниците морале принудно да слетаат, јавуваат британските медиуми. Малиот авион успешно слетал, иако него го управувал патник, кој за првпат влегол во пилотска кабина. Тој цело време бил „воден“ од двајца инструктори за летање, кои на помош биле повикани од контролната кула.
Пилотот во меѓувреме починал.
За некој кој прв пат влегува во кабина и успешно го приземјил авион, еден од инструкторите вели:
-Тој не е ништо помалку од херој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.