Се собравме сериозни театарски автори, ни се чинеше дека е време за независна театарска сцена, нешто што секоја култура треба да го има. Во суштина, се собравме луѓе кои бескомпромисно си веруваме и автори кои сериозно вредат да се погледнат. Нашето мото е дека целиот град, па и целата држава е сцена. Можеме да направиме претстава на плоштад. Не сме врзани за сцена, вели Ирена Стеријовска, непосредно пред отворањето на Театар Фабрика.
Театар Фабрика e формиран од младa група автори водени од заедничката потреба да се креира, работи, промовира и живее театар.
Театар Фабрика е лабoраторија со независен, слободен простор за истражување и создавње нови театарски форми.
Нашиот императив е да бидеме во чекор со постојаната прогресија на театарската уметност, да создадеме здрав алтернативен простор, кој не подразбира извесна географска одредница, туку авангарден духовен и интелектулаен простор во кој ќе се продуцираат нови идеи. Во новиот простор, наречен Театар Фабрика, нашата мисија ќе биде да создаваме подобри светови, да раѓаме посилни ликови, да скицираме постабилни општествени и индувидуални постулати, што е впрочем и универзалната функција на театарот како принцип.
„Република“ беше на пробата на претставата „Вејка на ветрот“ од Коле Чашуле во режија на Ирена Стеријовска, играат Кристина Ласовска, Рубенс Муратовски, Атанас Атанасовски и Драгана Левенска. Претставата ќе се одржи во Драмски театар.
– Суштината на она што се вика добар театар е богатството на македонските автори. Она што е Коле Чашуле во македонската драматургија е бесценето и големо. И најсветлите години кои ги зборуваат во театрите се децении во кои доминирале македонски автори како Коле, Дуковски, Горан Стефановски. Тогаш театарот бил голем. На жалост, во недостиг на такви нови големи имиња убаво е ние како млади автори да создадеме поинакво читање на антолологиски големи текстови – вели Стеријовска.
За Рубенс Муратовски создавањето нов театар е како да учествуваш во создавање на нова држава, градење нова црква поради тоа му е големо задоволство што е дел од екипа која е полна со ентузијазам и се решила да направи храбар чекор – да отвори театар.
– „Вејка на ветрот“ е првата македонска граѓанска драма. Велко е еден од веројатно најубавите напишани ликови во македонската драматургија, како и останатите четири лика. Затоа и самиот текст е навистина голем и што било да играш во овој текст е напишано со исклучително познавање на театарот и што сакаат актерите на сцена. Ќе ја видете премиерата. Ако ви се допадне, ќе ми биде драго, ако не… извинете – вели Муратовски.
Разговараше: Невена Поповска
Видео: Дејан Станчевски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)