Десетици навивачи упаднаа на вчерашната прес-конференцијата на која Петев се појави во дрес и тренерка со клупските обележја на Левски и почнаа да му викаат на новиот тренер да ја соблече, а еден од „непоканетите гости“ почна да го соблекува.
Незадоволство кај навивачите на Левски произлегува од нивните сознанија дека новиот тренер бил голем навивач на ривалскиот клуб ЦСКА Софија.
Прес-конференцијата беше прекината, но не и соработката на клубот и Петев.
И двете страни се решени да истраат во нивната намера и покрај негодувањата на најжестоките навивачи на Левски.
Управата на бугарскиот клуб во текот на вчерашниот ден го отпушти Славиша Јокановиќ и го назначи Петев за негов наследник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)