| четврток, 6 декември 2018 |

Металург ќе си ги одмери силите со Партизан

Македонскиот ракометен клуб Металург попладнево од 17 часот и 45 минути, во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, го игра натпреварот од 6. коло од СЕХА-лигата против белградски Партизан

metalurg-16m

Металург на дуелот против српската екипа ќе ја брка првата победа на домашен терен бидејќи на првите два дуела досега одигра нерешено, со Вардар (28:28) и со Нексе (24:24).

Но, Металург е единствената екипа без пораз во лигата со две победи на гостински терен.

Во пресрет на денешниот дуел тренерот Лино Червар најави дека ќе игра со комбиниран состав, пред сѐ, дека дел од играчите имаат повреди, а в сабота следува и дуелот со Барселона од Лигата на шампионите.

– Во спортот секој ден треба да се докажуваш. Против Нексе игравме со две лица, на моменти опуштено и непрофесионално. Но, можеби е добредојдено ако се извлечат поуки – изјави тренерот на Металург.

Во македонскиот тим со мислите веќе е кон дуелот со Барселона, а и свесен е дека победа над Партизан само ќе ја подигне атмосферата во екипата.

Металург со 8 бода од 4 натпревари е на 5. место на табелата, додека Партизан се наоѓа на 9. место со 3 бода од 5 натпревари.
По вчерашната победа (29:27) над Нексе, на чело на табелата е Вардар со 13 бода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top