| четврток, 6 декември 2018 |

Можеби е бивша сопруга, но сѐ уште е најзгодна

Холандската топ-моделка и водителка Силви ван дер Варт со години беше прогласувана за најубава меѓу сопругите на фудбалерите. Иако по осум години таа се раздели од фудбалерот Рафаел, по 35-годишната убавица сѐ уште се вртат глави.

Минатиот викенд папараците ја уловија на плажа во Мајами, каде што со нејзиниот седумгодишен син Даниел уживаше во плажата и сонцето.

За потсетување, Силви и холандскиот репрезентативец се разделија на почетокот на оваа година откако среде бурна расправија на дочекот на Нова година, тој силно ја удри пред сите. Неодамна тој почна да се гледа со нејзината најдобра другарка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top