| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ ја доживеа првата победа во НБА од клупа

atlanta sarlot

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ во вториот натпревар во НБА ја доживеа првата победа во најсилната лига иако не влезе во игра во текот на натпреварот.

Атланта ноќеска во претсезонскиот натпревар против Шарлот победи на гости со 87-85 во тесен и неизвесен меч, во кој тренерот на „јастребите“ не му даде шанса на нашиот центар. Најдобар во тимот на Атланта беше Мајк Скот со 19 поени и шест скока, а значителен придонес дадоа и Кајл Корвер со 14 поени и Карол Демар со 12 поени.

atl sarlot

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top