| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе праќаме СМС за 1,25 денари

Mobile Phone_4469Наместо пет денари од СМС, сега телефонските оператори ќе наплаќаат по 1,25 денар. Агенцијата за електронски комуникации (АЕK) смета дека цената на СМС треба да се намали за 75 проценти. Предлогот да се намали големопродажната цена на кратките пораки од сегашните 2 денара за порака на 0,50 денари веќе е на јавна расправа, која ќе трае до крајот на месецов. Во овој период трите мобилни оператори треба да се изјаснат за него.

Во АЕK претходно најавија дека цената на пораките треба да се намали со оглед дека Македонија е меѓу европските земји што имаат поголеми големопродажни цени. Kај нас големопродажната цена сега е 3,25 евроценти, а, на пример, во Франција е 1 евроцент, во Полска 1,22, а во Данска е 1,07 евроцент. Агенцијата побара од трите мобилни оператори цените за интерконекција што ги нудат да бидат базирани на трошоците и смета дека нивните сегашни цени не се соодветни на реалните трошоци.

Повеќе во Дневник. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top