
Откако парламентот ќе го ратификува договорот меѓу Република Македонија и Република Косово за отворање на граничниот премин Белановце-Станчич, останува да се изгради потребната патна инфраструктура за да се стави во функција овој премин – изјавил заменик министерот за транспорт и врски, Џељиљ Бајрами, за весникот „Коха“.
Тој посочил дека потребните финансиски средства се обезбедени од европски фондови, а според него, експропријацијата веќе е извршена и избрана е компанијата која ќе ги изведува работите.
-Остануваат само уште некои технички прашања, кои исто така многу брзо ќе бидат заокружени. Верувам дека преминот во функција ќе биде ставен за една година – додал тој заменик министерот.
Тој најавува и реализација на проектот за кој се чека повеќе од седум години – реконструкција и проширување на патниот правец Скопје-Блаце, вклучувајќи го и проширувањето на преминот Блаце.
– За овој проект во разговори сме за изнаоѓање финансиски извори. Доколку не можеме да обезбедиме кредит од некоја меѓународна финансиска институција, тогаш ќе настојуваме овој проект да се реализира со буџетски средства, изјавил Бајрами.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации


