
Министерството за внатрешни работи стои на располагање за сите потребни податоци за прочистување на избирачкиот список, порача министерката за внатрешни рабти, Гордана Јанкуловска.
Според Јанкулоска изборниот законик многу јасно, прецизно и недвосмислено ја дефинира институцијата која е надлежна за водење на избирачкиот список, а тоа е ДИК која е единствен орган да врши промени во избирачкиот список и во смисла на запишување и во смисла на бришење и во смисла на корекции на самиот избирачки список. Нивна одлука, додава таа, е на кој начин ќе го направат тоа, но првата работа, според неа, е претседателот на ДИК да закаже состанок и да се зафати со работа.
-Јас му порачувам на Борис Кондарко уште веднаш да закаже седница на ДИК на која ќе утврдат процедури како ќе продолжат со пречистувањето на избирачкиот список. Од позиција на министер за внатрешни работи за МВР можам да кажам дека сите податоци со кои ние располагаме му се ставени на располагање и дополнително доколку му е потребна било каква поддршка во насока на спроведување на оваа важна активност, целосно му стоиме на располагањ – истакна Јанкулоска.
Таа додаде дека ако претседателот на ДИК не знае од каде да почне, му порачува да почне од последниот избирачки список кој тој го потпиша и според кој се одржаа локалните избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот


