– Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, јавно го повика претседателот на СДСМ Зоран Заев: „Да му даде налог на својот сопартиец и претседател на ДИК, Борис Кондарко, да започне со прочистување на Избирачкиот список”. Изложувајки ги на компромитација државните институции, кои во најголем број се сместени членови на неговата партија, Никола Груевски јавно призна дека, за него државните институции се само обични експозитури на политичките партии, реагираат денеска од НСДП.
По логиката на Никола Груевски, велат од НСДП, Зоран Заев, како претседател на политичка партија има право да му даде налог на претседател на државната институција (ДИК), само заради тоа што е член на неговата партија (СДСМ), тогаш и тој, Никола Груевски, како претседател на владеачката партија, во најмала рака го има истото право.
– Значи, Никола Груевски во секое време, на секој кадар на ВМРО–ДПMНЕ инсталиран во државните институции, си зема за право да му наложи нешто да направи, независно дали се работи за Антикорупциска комисија, Комисија за лустрација, Собранието на Република Македонија, судовите, МВР, јавното обвинителство и било кој друг орган или јавна и државна институција. Што е сето ова, ако не е авторитарно владеење? Авторитарната свест, Никола Груевски веќе не ја ни крие, велат од НСДП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот