| четврток, 6 декември 2018 |

Луда журка од „седумдесеттите“ на Ана Ивановиќ (ФОТО)

Ана Ивановиќ учествува на тенискиот турнир во Линц, Австрија, а пред настапот лудо се забавуваше на ретро-журка во стилот на „седумдесеттите“ години од минатиот век.

ana

Со портокалова перика, Ана одлично го долови изгледот на „вамп“ жена од периодот пред 4 децении.

ana 3

Со неа расположена за забава беше и Андреа Петковиќ, со нејзиниот познат „Петко денс“. Забавата заврши, а од денеска почнува тениската авантура за двете тенисерки што потекнуваат од балканските простори.

ana 1

Ивановиќ има забележителни успеси на турнирот и го освои на двапати, во 2008 и 2010 година, а вистински куриозитет е што во двете финалиња против Звонарева (6-2, 6-1) и Шнидер (6-1, 6-2) загуби само по три гема.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top