На македонската фудбалска репрезентација и останаа уште два квалификациски меча, против Велс во Кардиф на 11 октомрви, а четири дена подоцна одиме на гости кај нашиот сосед Србија.
Од денеска репрезентација е комплетна, Горан Пандев и Давид Бабунски се приклучија, а Иван Тричковски нема да може да им помогне поради повреда. На негово место е повикан Даниел Ивановски.
– Намерата е јасна, да се одигра квалитетно на последните две средби и да се остварат позитивни резултати. Знам дека овој национален тим има капацитет за такво нешто. Можам да порачам дека ќе играме офанзивно и ќе се надигруваме со противниците, а Пандев ќе игра блиску до голот на противникот-, изјави Зоран Стратев.
Оптимист е и искусниот Николче Новевски кој сепак најави дека треба да се игра внимателно бидејќи во Кардиф ќе настојува да дојде до победата.
-Се подготвуваме максимално сериозно и ќе се потрудиме да не разочараме. Мислам дека имаме квалитет за да одиграме добро и против Велс, а потоа и против Србија“, изјави Новески.
Поразите не се опција за Македонија, бидејќи со два неуспеси против Велс и Србија ќе бидеме последнопласирани во А групата. Велс ни е директен конкурент за да се избегне фенерот, а ако ги добиеме двете средби имаме шанси да го завршиме квалификацискиот циклус на третата позиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.