| четврток, 6 декември 2018 |

Кондарко: Реакцијата беше моја, а не на ДИК

Претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко денеска вели дека вчера не обвинил никого, туку навел дека мнозинството „можат да иницираат свикување на седници, расправи и да одлучуваат со мнозинство гласови, независно од ставот на претседателот на ДИК“

дик кондаркоИнтегрален текст од соопштението од Претседателот на ДИК, Борис Кондарко

Kако претседател на Државната изборна комисија во моето вчерашно соопштение до медиумите не сум обвинил никого за попречување на активностите на Избирачкиот список. Напротив, во неколку наврати бев прозиван за истото.

Не е точно дека мојата вчерашна реакција била испратена во името на Државната изборна комисија, туку истата беше дадена во мое име, како претседател на ДИК што потоа во дел од медиумите, вклучувајќи го и јавниот сервис на МТВ беше коректно пренесена.

Исто така, не сум посочил дека некој ја опструира работата како што наведуваат дел од моите колеги, туку потенцирав дека дури и да сакам не би бил во можност на кој било начин да ја кочам работата, бидејќи членовите на ДИК од власта имаат мнозинство и во колективен орган како што е ДИК можат да иницираат свикување на седници, расправи и да одлучуваат со мнозинство гласови, независно од ставот на претседателот на ДИК.

Потенцирам дека во моментот ДИК преку експертите на ОБСЕ работи на прашања поврзани со проверката на Избирачкиот список.

Ме радува што во реакцијата на колегите се потврдува дека Работната група за проверка на Избирачкиот список функционира. Меѓутоа, факт е дека Државниот завод за статистика се уште не ги има доставено податоците од редовното годишно ажурирање на Избирачкиот список од јули 2013 година за што истиот е се уште надлежен, бидејќи ДИК ја нема преземено во целост обработката на податоците во Избирачкиот список согласно член 194 став 2 од Изборниот законик. Ова се потврди и на последниот состанок на Работната група одржан на 19.09.2013 година на кој иако уредно беа поканети не присуствуваа претставници на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top