| четврток, 6 декември 2018 |

Претходниците на Вартоломеј и СПЦ тргуваат со томосите за автокефалност

Stevo-Vucinic

Стево Вучиниќ

Црногорската православна црква денеска остро го нападна вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој по осветувањето на Соборниот храм во Подгорица повика на единство на православните цркви и почитување на каноните. Патријархот Вартоломеј рече дека никој нема власт да создава нови православни цркви на просторот на Црна Гора.

Потпретседателот на советот на митрополијата на Црногорската православна црква, Стево Вучиниќ, за ТВ Црна Гора изјави дека патријархот се замислува дека е вселенски авторитет на кој треба сите да му се покоруваат, и бара бесповратна послушност и одрекување од сопствената совест и слобода за сметка на белградската патријаршија која со неговите претходници повеќепати тргуваа со разни томоси за автокефалност. Од нас по таа основа никогаш нема да добие пари“.

За Вучиниќ и за ЦПЦ ставовите на вселенскиот патријарх воопшто не се важни.

– Му порачуваме дека неговите компетенции завршуваат во границите на Турција чиј државјанин е. Вартоломеј треба да знае дека никогаш во историјата Турчин не ни ги решавал црковните прашања, па нема ниту сега – вели Стево Вучиниќ.

Вартоломеј се замислува дека е вселенски авторитет. Вартоломеј добро знае дека ЦПЦ не настанала со волјата на народот, туку како и сите цркви – со небесна интервенција. Нашиот црковен устав не е одобрен од суд, туку од Светиот дух. Неговите компетенции завршуваат на границите на Турција, додава Вучиниќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top