| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска се слави Свети Вартоломеј – никако не треба да се работи

vartolomej

Во православниот календар денешниот Свети Вартоломеј се смета за голем празник, за кој се врзуваат многу верувања.

Во народот тој е познат како Вратолом и го почитуваат како строг, но правичен светител кој ги чува посевите и строго внимава на овој ден некој да не обработува земја. Се верува дека Вартоломеј не им простува на неверниците кои денеска работат, поради што ризикуваат сите посеви да им пропаднат.

Во некои делови на земјата се верува дека ако се работи на овој празник, има опасност од поплава, град и невреме. На децата пак им се забранува качување по дрвја, како и бањање во река.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top