Портпаролот на Српската православна црква, епископот Иринеј, ги демантира тврдењата на МПЦ дека тој го фалсификувал преводот на говорот на Вселенскиот патријарх Вартоломеј и вели дека ниту тој ниту Вартоломеј не рекле дека МПЦ е парацрква.
Иринеј во изјава за „Танјуг“ вели дека МПЦ не била изречно спомената, а уште помалку оквалификувана како нехристијанска и парацрквена организација. Сепак, во говорот имало дел за некакононските цркви во кои Иринеј вели дека МПЦ се препознала. Вели дека импутирањето на ваква одговорност од страна на МПЦ е „последица на дефицитот на црковна свест кај МПЦ како последица на нивното долго живеење во раскол“.
Во негово присуство митрополитот Емауил прочитал и дел од говорот на вселенскиот патријарх во кој стои дека архиепископот охридски Јован е прогонет затоа што го почитува канонскиот поредок и ја признава својата духовна припадност кон каноснката црква, односно СПЦ, а не кон антиканонските и од државата поддржувани организации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.