
Регионалниот центар за гранични работи-Север до Основното јавно обвинителство за организиран криминал – Скопје, поднесе кривична пријава против лицето Б.И. (46) од Борча, Р.Србија со место на живеење во Р. Германија, и наедно државјанин на Германија, за сторено кривично дело “злоупотреба на безвизен режим со државите членки на европската унија и на шенгенскиот договор“, како и кривично дело – “давање поткуп“. На лицето,од страна на Истражен судија одредено му е мерка притвор во траење од 30 дена.
Според документираните сознанија на истрагата пријавениот на 05. овој месец, по претходно договор во Радовиш пред пазарот земал 10 лица државјани на Р.Македонија со ПМВ комбе марка “Фолксваген“ со германски национални ознаки сопственост на неговата ќерка Б.Е. која исто така патувала со него, а со намера лицата да ги превезе во Германија за паричен надоместок од 150 евра по човек. Било договорено парите да му се дадат по пристигнување на крајната дестинација во Р. Германија.
По пристигнување на ГП „Табановце“ во моментот кога УПС отпочнал проверки во соодветните евиденции и електронски бази на податоци за лицата пријавениот преку шалтерот од кабина број 2 му приложил неколку македонски патни исправи при што во една од нив УПС забележал една банкнота од 100 евра. На прашање од страна на УПС зошто се парите во ПИ, Б.И. одговорил дека се за да се почасти кафе, при што од страна на УПС лицето е приведено за давање на поткуп.
Со Б.И. е извршен службен разговор и на прашање кои се лицата кои ги превезува и дали ги познава од порано истиот одговорил дека не ги познава доволно а дошол во Македонија по препорака на неговиот другар кој работи во Германија а е брат на едно од лицата (Е.Ј.) кои требало да бидат превезени во Германија За начинот на транспорт и времето на заминување за Германија се договориле кај роднина на Е.Ј. кој живее во Радовиш пред околу десет дена.
Исто така, извршен е службен разговор и со останатите лица кои се превезувале во ПМВ при што истите потврдиле дека дел од нив имале намера да одат во камп за aзил а дел од нив на гости кај роднини во Р.Германија, и истите се ослободени.
– See more at: http://moi.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=12757&mid=1367&tabId=358&tabindex=0#sthash.57KIdhR7.dpuf
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


