| четврток, 6 декември 2018 |

Мичу повикан за настап во „црвената фурија“

michu

Фантастичниот фудбалер на Свонси Мичу доби повик од селекторот на Шпанската фудбалска репрезентација Винсенте Дел Боске за настап на последните две средби од квалификацискиот циклус за престојното светско првенство против селекциите на Грузија и Белорусија. Мичу е повикан на местото на стандардниот репрезентативец Давид Виља кој е повреден и не може да му се стави на располагање на тренерот. Во досегашниот дел од сезоната тој постигна пет погодоци на 11 средби додека минатата сезона ја заврши со 22 гола на 43 натпревари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top