По лошиот старт на сеозната со само еден освоен бод екипата на Сандерленд му врачи отказ на контраверзниот тренер Паоло Ди Канио. Во прв момент се говореше дека Роберто Ди Матео ќе биде наследик на италијанецот на клупата на Сандерленд, но медиумите во Англија го поврзуваа Густаво Појет со менаџерското место на „стадионот на светлината“. Денес управата на Сандерленд потврдија декa токму Уругваецот е новиот тренер на клубот. 45 годишниот стратег стави потпис на двегодишен договор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.