Тие сметаат дека на тој начин остануваат без вода за стоката, а со градежните работи ќе им се зафати и нивен приватен имот, јавува „Канал 5“.
Жителите на планинското село Јеловјане денеска со жив штит ги спречија работниците и претставниците на општина Боговиње да стигнат до местото 5 километри над селото, каде што од пред три дена почнале градежните работи за изградба на водовод за низинското село Палчиште. Тие сметаат дека на тој начин остануваат без вода за стоката, а со градежните работи ќе им се зафати и нивен приватен имот.
– Овде веќе се земени огромен број извори, останаа уште тие две-три изворчиња, месното население и стоката што се напасува на Шар Планина ќе останат без вода, буквално селото страда. Ако на ова месно население им ја одземете водата, шумата, пасиштата, да ги отселиме луѓево и да ги носиме каде сакате. Никој не се обратил во селово, така самоволно, на насилен начин поминале булдожери и се хара. Поминале низ мои ниви, не ни прашале. Ова е еден вид насилство, притисок. Нека кажат јавно зошто се прави ова – вели еден селанец.
Градоначалникот на општина Боговиње, Хазби Идризи, вели дека за проектот за водоснабдување на Палчиште е добиена дозвола за корисничко право од надлежното Министерство за животна средина, додека градежна дозвола издала Општината.
– Ако испадне дека некоја парцела е приватна сосптвеност, за тоа ќе разговараме и ќе го средиме тоа. Ние нема да го носиме тоа земјиште, туку откако ќе се ископа каналот, ќе се затрупа. Нема да биде ништо лошо, туку напротив ќе поставиме некоја чешма таму. Решение ќе најдеме – изјави градоначалникот Идризи.
Тој најави дека е подготвен на разговор со жителите на Јеловјане, да ги расчисти сите недоумци за ова прашање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.