Зоран Штерјовски повеќе не е тренер на второлигашот Миравци, а за спортскиот портал „Екипа“ вели дека не е сменет туку сам си заминал и тоа поради неверојатна ситуација по мечот со Локомотива, игран во саботата во Скопје. Според поранешниот фудбалер на битолски Пелистер, газдата на ФК Миравци Васе Штерјов го удрил фудбалерот Томе Мижоров, поради тоа што во текот на играта не му ја додал топката на неговиот син Дарко Штерјов.
„Јас од медиумите дознав за некаква моја смена, за која немам никакво известување од раководството. Во секој случај јас уште викендов бев одлучен сам да заминам за што ги известив и во Миравци, посебно по случките за време и по натпреварот со Локомотива“ , вели за „Екипа“ сега веќе поранешниот тренер на Миравци, Штерјовски.
Миравци беше топ-тема во македонските медиуми пред нешто повеќе од две години, кога беше направена фузија меѓу клубот од југот на нашата земја со Вардар, со цел „црвено-црните“ да го задржат местото во прволигашка конкуренција. Тогаш дури и како дел од договорот Штерјов јуниор се пресели во редовите на најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар.
„Нема никаква вистина дека јас имам нарушени односи со фудбалерите. Вистината е дека дека сопственикот на Миравци, Васе Штерјов, за време на средбата со Локомотива на која не успеавме да победиме постојано вулгарно ги навредуваше играчите а на крајот од натпреварот и го удри играчот Томче Мижоров, поради тоа што не проигрувал со неговиот син Дарко Штерјов. Тоа е причината за нарушувањето на атмосферата во тимот поради која веднаш одлучив да заминам. Во мојата кариера не сум бил сведок на такво нешто како што беше по дуелот со Локомотива. Атмосферата во клубот ја нарушуваат Васе Штерјов и неговиот син. Неколку пати поради недисциплина го отстранив од тренинг неговиот син Дарко Штерјов, во што и лежи нивната нетрпеливост кон мене. Но, јас не отстапувам од својот начин на работа и моите принципи. Ова е единствената вистина“, дополнува Штерјовски во изјава за „Екипа“.
Веста веќе предизвика интерес особено во нашата околина и ја пренесоа српските и хрватските медиуми, секако со доза на сеир и наслови од типот „Ова се случува само на Балканот“. За жал овојпат се случи во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“