Постара жена од Куманово попладнево паднала од терасата на сопствениот стан и веднаш подлегнала на повредите.
До несреќата дошло денеска околу 13:30 часот, кога 75 годишната Мирјана Р. од сѐ уште неутврдени причини паднала од терасата на својот стан на 4-тиот спрат. Местото на несреќата е улицата Октомвриска револуција и зградата со број 17.
Полицијата веднаш извршила увид и според првичините информации, на телото на жената не биле забележани траги на насилство.
Полицијата и официјално го потврди случајот.
Извор: Прес 24
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун