Марија Шарапова има хронични проблеми со десното рамо и предвреме ја заврши сезоната, откажувајќи го настапот и на ВТА шампионатот, што е последен важен турнир во годината. Популарната Маша го одигра последниот меч во август на турнирот од Мастерс серијата во Синсинати и оттогаш нема стапнато на тениските терени.
На ВТА шампионатот традиционално играат осумте најдоброрангирани тенисерки во сезоната, а Истанбул ќе биде домаќин од 22 до 27 октомври. Наградниот фонд е 6 милиони долари. Досега 7 тенисерки си обезбедија учество на завршната гала претстава. Титулата ќе ја брани Серена Вилијамс, а од тронот ќе се обидат да ја симнат Азаренка, Радванска, Ли На, Квитова, Ерани, Јанковиќ и уште една од тенисерките што ќе обезбеди пласман на завршниот турнир кај дамите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.