Расте бројот на азиланти во Германија, најбројни од Србија, Сирија, Македонија, Русија и од Авганистан. Германската агенција ДПА пренесе, според Министерството за внатрешни работи на федералната република, дека бројот на баратели на азил во Германија е зголемен за 71 процент во септември во однос на истиот месец лани. Нивниот број бележи раст од 21 процент во септември, на 11.500 лица во однос на август, се наведува во соопштението на Министерството. Вкупниот број на барателите на азил во најголемата економија во Европа изнесува 74.000 лица за периодот јануари-септември, што е раст од 85 проценти во однос на истиот период минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


