| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Заев да му даде налог на Кондарко да го прочисти избирачиот список

gruevski_

Зоран Заев, лидерот на СДСМ, нека му даде налог на својот сопартиец Борис Кондарко, кој е претседател на Државната изборна комисија, да го почне прочистувањето на избирачкиот список, му порача премиерот Никола Груевски на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Ваквата порака доаѓа по последните забелешки на Заев за забавувањето со средувањето на списокот со избирачи во земјава.

– Надлежноста за прочистување на избирачкиот список е исклучително на ДИК. Го поставувам прашањето зошто шест месеци не го почнуваат тоа и ги повикувам јавно да го почнат веднаш и да го завршат за да не бараат потоа алиби дека поразот којшто ќе им следи доаѓа поради тоа што списокот не бил прочистен или други алибија коишто се поврзани со избирачкиот список. Веројатно постои некаква спрега помеѓу претседателот на ДИК и Заев за лидерот на СДСМ постојано да бара средување на избирачки список – посочи Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top