| четврток, 6 декември 2018 |

Фелаини се повреди, ќе мора на операција

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Маруан Фелаини го повреди зглобот на раката поради што ќе мора да паузира околу седум недели

felaini

Менаџерот на Јунајтед, Дејвид Мојс, по победата над Сандерленд изјави дека Фелаини не бил дел од тимот поради повреда, а по деталните прегледи утрврдено е дека, најверојатно, ќе мора на операција.

Фелаини во летниот преоден рок пристигна од Евертон за 27,5 милиони фунти, а репрезентативецот на Белгија поради оваа повреда ќе ги пропушти и квалификациските мечеви против Хрватска и Велс, како и важни дуели за Јунајтед во Премиер лигата и Лигата на шампионите.

Во досегашниот тек од сезоната Фелаини одигра пет натпревари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top