Македонскиот џез-состав „Летечки пекинезери“ е еден од неколкуте балкански џез-групи што во моментов се натпреваруваат за главната награда на Првиот меѓународен онлајн џез-натпревари „Произведено во Њујорк„ (Made in New York).
„Произведено во Њујорк“ е првиот меѓународен интернетски џез-конкурс, кој има цел да ги собере некои од најголемите џез-таленти од светот и да им дозволи, без оглед на географската оддалеченост од Њујорк, да ги покажат и докажат своите таленти пред врвните американски музичари. Пријавите се во тек и траат до 15 октомври.
Џез-изведувачите и авторите се претставуваат на официјалната страница со музичко видео во една од седум категории: соло-инструментални, соло-вокал, мала група, голема група, композитор, аранжман и дигитал.
Од почетокот на јануари, на „Произведено во Њујорк“ има регистрирано повеќе од 12.000 корисници и 250 џез-музичари од 35 земји во светот.
Во овој момент, најголем број гласови на публиката , меѓу другите, имаат нашите „Летечки пекинезери“, српските кандидати „Васил Хаџиманов бенд“ и Астрид со Матија Дедиќ, „Кљаковиќ електирк компани“ од Хрватска, „Владимир Марас бенд “од Црна Гора, како и студентите на Музичката школа од Суботица (соло-вокал ).
Главното жири се состои од три легендарни американски џез-музичари, добитници на „Греми“: тапанарот Лени Вајт, саксофонистот Џои Ловано и трубачот Ренди Брекер. Тие на крајот на ноември ќе одберат победник од осумте финалисти. Седум од нив на почетокот на ноември избираат организаторите, додека осмиот финалист го избира публиката со своите гласови .
Победникот на натпреварот ќе освои парична награда и платени трошоци за посета на Њујорк, каде што напролет ќе настапи во главната програма на истоимениот фестивал „Произведено во Њујорк“ со светските великани на современиот џез.
За да им дадеме шанса и на нашите претставници да бидат дел од финалето, може да им дадеме поддршка на официјалната веб-страница на фестивалот. Гласајте за „Летечки пекинезери“ тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Под засилени безбедносни мерки и само со покани утрешниот ракометен натпревар меѓу Грција и Македонија
-
Филип Димишковски е најдобар млад џез музичар за 2018
-
И Мик Џегер го следеше натпреварот меѓу Хрватска и Англија (видео)
-
Летно издание на „Musicology Barcaffè Sessions“: Angie Stone, Koop Oscar Orchestra и Bokante