| четврток, 6 декември 2018 |

Тимотеј: Финансите на Вартоломеј зависат од Грција

vladika-timotej-24-vesti-520x331По нападот на МПЦ-ОА во Ниш, владиката дебарско-кичевски на МПЦ-ОА Тимотеј за МКД.мк вели дека „Иринеј зборувал од устата на Вартоломеј“.

– Лично се сомневам дека тоа беа зборови на вселенскиот патријарх Вартоломеј. Се сомневам дека тоа повеќе се зборови на српскиот бачки владика Иринеј отколку на патријархот Вартоломеј. Сепак, треба и официјално да се информираме што се случувало таму за да можеме и официјално да реагираме, го пренесе МКД.мк владиката Тимотеј.

Патријархот Вартоломеј на прославата во Ниш изјавил дека Македонската православна црква – Охридска архиепископија е парацрква.

-Доколку тоа и навистина го мисли, тогаш нека му служи на честа. Тоа е надвор од секој ум. Начелно, отсекогаш сме имале коректни односи со патријархот Вартоломеј. Но, треба да се знае дека неговите финансии многу зависат од Грција – вели владиката Тимотеј и додаде дека со Вартоломеј МПЦ-ОА досега имала коректни односи.

irinej vartolomejВчера патријархот Вартоломеј само го почна своето излагање на грчки јазик, прочитал неколку реченици, а потоа српскиот владика Иринеј, познат противник на автокефалноста на МПЦ, продолжи да го чита однапред подготвениот превод на целиот текст. Пред крајот, вселенскиот патријарх, пак, прочитал уште неколку реченици на грчки јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top