Со објавување на добитниците на Нобелова награда за физиологија и медицина денеска во Стокхолм почнува Нобеловата недела.
Добитникот или добитниците на Нобеловата награда за физика ќе бидат објавени утре, за хемија на 9 октомври, за мир на 11 октомври, а за економија на 14 октомври. Сѐ уште не е познат датумот кога ќе биде соопштено името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за литература.
Во согласност со желбата на Алфред Нобел (1833-1896), наградите, кои го носат неговото име, се доделуваат за најважните откритија во областите на физиката, хемијата, физиологијата или медицината, за забележителни постигнувања во литературата и за дејности кои се во интерес на светскиот мир.
Наградите се доделуваат од комисии, кои ги составуваат – Шведската кралска академија на науки за физика и хемија, Каролиншкиот медицинско-хируршки институт од Стокхолм за физиологија и медицина, Шведската академија за литература за истоимената област. Одлуката за добитникот на Нобеловата награда за мир, пак, ја донесува петчлен комитет избран од норвешкиот парламент.
Во 1968 година беше воспоставена и Нобеловата награда за економски науки, финансирана од Шведската национална банка.
Првата Нобелова награда е врачена во Сен Тропе во 1901 година, пет години по смртта на Нобел.
Церемониите во Стокхолм и во Осло, на кои се доделуваат наградите, традиционално, се
одржуваат на 10 декември, годишнината од смртта на Нобел.
Секоја награда може да биде доделена најмногу на тројца кандидати и таа се состои од златен медал, диплома и од парична сума.
Од минатата година, поради финансиската криза, паричната вредност на наградата е намалена за 20 проценти, на осум милиони шведски круни (1,2 милион американски долари).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нобеловата награда за литература ја засени секс скандал
-
Нобеловата награда за мир ќе остане во рацете на Аунг Сан Си Чи, нема да и се одземе и покрај извештајот на ОН
-
Нобел под микроскоп: Сопруг на членка на Нобеловиот комитет откривал имиња на добитници
-
Зошто Тито никогаш не доби Нобелова награда за мир?


