| четврток, 6 декември 2018 |

Симфонија на Наполи, Пандев диригент со гол и асистенција (видео)

Фудбалска симфонија на Наполи против Ливорно и победа од 4-0, а диригент на одличниот фудбалски оркестар од Неапол беше македонскиот репрезентативец Горан Пандев.

Импресивниот настап офанзивецот на Наполи го почна со гол во третата минута, а го продолжи со асистенција до Калјехон за предност од 3-0.

Пандев играше до 76 минута, кога со овации од публиката на „Сан Паоло“ го напушти теренот. Со триумфот Наполи ја задржа втората позиција на табелата со шест победи и едно реми, или вкупно 19 бода, два помалку од лидерот Рома. Римската волчица вчера го декласира Интер на гости со 3-0 и има максимални 21 бод.

Во останатите натпревари Парма го совлада Торино со 3-1, Удинезе беше подобар од Калјари и славеше со 2-0, а Сампдорија и Торино одиграа нерешено 2-2, исто како и Катанија со Џенова, но со гол помалку во двете мрежи. Во тек е натпреварот меѓу Болоња и Верона (моментно е 1-3),  а вечер од 20,45 се играат двете дерби средби меѓу Јувентус и Милан, односно меѓу Лацио и Фиорентина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top